Македонскиот фудбалски свет остана во неверица по денешната загуба на една од најголемите свои легенди Васил Рингов кој почина, по кратко боледување, на 70-годишна возраст.
Погребот на Васил Рингов ќе биде утре (24. декември) од 13 часот на гробиштата во Ѓорче Петров во Скопје.
Рингов кој се прослави во вардаровиот дрес освојувајќи ја шампионската титула во поранешна Југославија во 1987 година, е роден во Струмица во 1955 година, каде и ја започна својата кариера во Беласица, по што настапуваше за Партизан, Тетекс и Вардар, каде и го остави најдлабокиот печат. Во вардаровиот дрес одигра над 200 лигашки натпревари и постигна 93 гола, запишувајќи се како една од најголемите негови легенди.
Кратко настапуваше и за Динамо Загреб, како и за германскиот Ајнтрахт Брауншвајг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

