Поим за верност: Ги одби милионите од Саудиска Арабија за да се бори за „невозможна“ титула во Бундеслигата

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Серху Гираси нема да си замине од клубот во летниот преоден рок, и покрај тоа што добил одлична понуда од тимот на Ал-Хилал од Саудиска Арабија.

Тимот предводен од Симоне Инзаги, му предложил договор на голгетерот на „милионерите“, но овој веднаш одбил, по што изборот подоцна паднал на Дарвин Нуњез. Причината за одбивањето Гираси ја образложил дека сака да се бори за титула во Бундеслигата со Борусија Дортмунд.

Борусија Дортмунд нема титула во Германија веќе 12 години, откако последната ја освои во 2013 година. Од тогаш па наваму само еднаш беше на чекор до освојување на трофејот, но на крајот заврши како второпласиран зад Баерн Минхен, губејќи го трофејот во последното коло и фамозниот натпревар против Мајнц на домашен терен. Доминацијата на Баерн Минхен во 2024 година ја прекина Баер Леверкузен, кој успеа да дојде до првата историска титула, а претходно и во минатата сезона титулите секогаш заминуваа во Минхен.

Се вчитува...