Ракометарите на Еурофарм Пелистер го совладаа Еурофарм Пелистер со 31-26 во битолското дерби како дел од 10. коло во македонската Суперлига. Помладиот од двата тима имаше сила само за едно полувреме против поискусните кои по 30 минути игра имаа предност од само два гола разлика 15-13.
Во вториот дел избраниците на Александар Јовиќ ја покажаа разликата во квалитет. Почнаа фуриозно и веќе по 45 минути имаа предност од осум гола разлика 25-17. До крајот само рутински го приведоа мечот за нов триумф во домашниот шампионат. Ненад Костески со осум гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените седум постигна Павле Петровиќ.
Со оваа победа Пелистерци остануваат во игра за титулата во домашното првенство, во кое по киксот на Вардар на гостувањето кај Алкалоид доволна им е било каква победа на мечот во Битола кој директно ќе одлучува за титулата нов шампион на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА