Екипата на Еурофарм Пелистер беше подобра од „братскиот тим“ Еурофарм Пелистер 2 во пресметката одиграна во Битола. На крајот поискусните пелистерци триумфираа со 16-29 (6-17).
Помладите пелистерци беа во водство само во првите мигови, кога поведоа со 3-0, а потоа фаворитот поведе со 3-4, и од тогаш не го испушти водството, и само го зголемуваше. На полувремето се замина со +11, а на крајот беше +13.
Неколку ракометари имаа по четири постигнати гола. Кај Еурофарм Пелистер тоа беа Костески и Петар Атанасијевиќ, додека кај „домашниот“ тим Буторац и Ристевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА