Новиот тренер на Бордо, Густаво Појет, соопшти дека клубот нема да му дозволи на големиот талент, Бразилецот Малком, да направи трансфер на Островот оваа зима. 20-годишниот крилен напаѓач е трансферна цел на Арсенал и на Тотенхем, но Појет ги увери фановите на францускиот тим дека тој ќе остане во редовите на Бордо.
„Малком е голем талент и веќе докажан играч во француското првенство. Разбирливо е големите европски клубови да се интересираат за него, но тој ќе остане во Бордо оваа зима. Добив такво уверување од раководството при разговорите за мојот ангажман. Малком останува со нас во Бордо“, изјави Густаво Појет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА