Фудбалерите на Наполи славеа на домашен терен против Удинезе со 4-1 во натпревар од 6. коло во италијанската Серија А.
Домаќините поведоа со 2-0 во првото полувреме со головите на Зјелински од пенал и Осимен. Квича Квараскелија во 74. минута зголеми на 3-0. На 3-1 намали Самарџиќ во 81. минута, додека конечните 4-1 ги постави Џовани Симеоне во 82. минута. Елиф Елмас во игра влезе во 83. минута и ги одигра последните 10-тина минути.
По Јувентурс, Сасуоло му го зеде „скалпот“ и на лидерот во Серија А Интер, славејќи на „Џузепе Меаца“ со 1-2. Водство од 1-0 за Интер донесе Дамфрис во судиското надополнување во првиот дел. На 1-1 израмни Бајрами во 54. минута, додека конечните 1-2 беа дело на Берарди во 63. минута. Во последниот меч Лацио славеше над Торино со 2-0.
Inter 1-[2] Sassuolo – Domenico Berardi 63'
byu/Meladroitdeposter insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

