Тренерското место на Маурисио Покетино на клупата на Челси постојано се доведува во прашање со оглед на лошата сезона која ја има клубот од „Стемофрд Бриџ“. „Сините“ се на 11. место на табелата со минимални шанси за излез во Европа следната сезона па не се исклучува можноста за отказ на аргентинскиот стратег.
Сепак Покетино верува дека ја има поддршката од страна на раководството на клубот, но вели и дека е подготвен да замине доколку не го сакаат фудбалерите за тренер.
„Мора да ги прашате фудбалерите дали се среќни со мене. Ако повеќе не ме сакаат и мислат дека може некој друг тренер да биде подобар, тогаш јас ќе разговарам со претседателот на клубот и ќе заминам“, вели Покетино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА