По катастрофалната сезона во која Челси не се ни избори за место во европските натпреварувања „сините“ се подготвени за подобри денови под водство на Маурисио Покетино.
Аргентинскиот стратег ќе ја има честа да го води клубот од „Стемфорд Бриџ“ и за истото е благодарен, но вели и дека ја знае културата на клубот и желбата за победи, нешто што го прави Челси најдобар клуб во Премиерлигата во последните 10, 15 години.
„Културата на победување е многу важна и тука е јасно изразена. Во последните 10, 15 години Челси е најголемиот тим во Европа. Добро ја познавам Премиерлигата и што значи културата за победување во Чесли. Мислам дека нашите навивачи ќе бидат возбудени да ги почуствуваат новите победи во низа.
Возбуден сум и јас бидејќи уживам кога работам со добри играчи, а ние имаме доста такви. Играчи кои имаат капацитет и талент, но истотака сакаме и луѓе кои ќе чуствуваат со клубот. Од почетокот сопственикот и директорот беа јасни како проект сакаат и чест ми е да бидам дел од него“, изјави Покетино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

