Менаџерот на англискиот премиерлигаш Тотенхем, Mаурисио Покетино призна дека бил подготвен да го напушти клубот доколку ја освојат Лигата на шампионите.
„Можното заминување е нешто за кое често размислував. Таков сум, секогаш сакам да ги ставам интересите на клубот пред своите. Резултатот од финалето да беше различен, јас ќе заминев и ќе оставев клубот да почне ново поглавје“, изјави Покетино.
Тотенхем моментно се наоѓа во Сингапур, каде игра подготвителни натпревари во пресрет на новата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА