Тотенхем загуби од Манчестер Јунајтед на денешниот пријателски натпревар, а Маурицио Покетино по мечот им се извини на противниците за грубата игра на своите фудбалери. Страстите зовреа откако Сисоко го згазна младиот Џејмс, Јунајтед во меѓувреме остана и без Баи, кој заработи тешка повреда на коленото, а Покетино изрази жалење што преголем акцент се стави на грубоста на неговите играчи.
„Искрено, бев нервозен. Се подготвуваме за Премиер-лигата, но не можам да бидам среќен кога ќе играме толку грубо. Им се извинувам на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, немаше никаква намера во стартовите, но во секој случај делувавме прегрубо во одредени ситуации. Баи при повредата беше сам, немаше никаков контакт, но самото тоа дополнително ја крена тензијата бидејќи се појави страв од нови повреди“ – истакна Покетино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА