Аргентинскиот стратег, Маурисио Покетино веќе подолг период преговара со раководството на Манчестер Јунајтед, но сигурно е дека до крајот на сезоната нема да седне на кормилото на клубот. Британските медиуми пренесуваат дека тој овластил неименуван менаџер кој ќе преговара во негово име, а најголемото барање за преземање на клупата на трофејниот англиски гигант е тој да има целосна автономија околу изборот на фудбалери и финасиските средства за реновирање на екипата.
Оле Гунар Солскјер во моментов има целосна поддршка од раководството на клубот, но доколку тој не успее да обезбеди пласман во Лигата на шампионите следната сезона, неговата авантура на „Олд Трафорд“ ќе заврши.
Покетино во ноември доби отказ од Тотенхем, а неговото место го презема искусниот Португалец, Жозе Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

