Покетино добро ќе заработи од отказот во ПСЖ

Маурисио Покетино можеби уште денеска ќе добие отказ од клупата на ПСЖ. Тој во досегашниот свој мандат освои само титула во Лига 1, што беше недоволно за задоволување на апетитите на газдите на клубот.

Аргентинецот многу брзо ќе остане без работа, ако се верува на француските медиуми, но ако е за некоја утеха, тогаш добро ќе заработи од отказот. Имено, Парижаните за предвремен отказ ќе треба да му исплатат 15 милиони евра на Покетино кој има договор до крајот на идната сезона.

Наводно челниците на ПСЖ веќе му наговестиле на Аргентинецот да си бара нова средина, и сега во моментов само остануваат формалности околу неговата смена.

ПСЖ сака негова замена да биде Зинедин Зидан, но Зи-Зу ја одбил првата понуда. Меѓутоа од францускиот шампион истакнуваат дека немаат намера да се откажат од услугите на францускиот ас. Доколку не успеат, тогаш тренер на ПСЖ би требало да биде сегашниот тренер на Лил, Жозелин Гурвенек.

Се вчитува...