„Покетино е вистинскиот тренер за Челси“

Маурисио Покетино ќе го превземе Челси ова лето откако раководството на клубот од „Стемфорд Бриџ“ го избра аргентинскиот стратег како вистинската личност за иднината на клубот.

Покетино ќе седне на „жешкото столче“ како наследник на привремениот тренер Френк Лампард, а некогашниот репрезентативец на Англија и воедно поранешен капитен на Манчестер Јунајтед, Гери Невил верува дека тој е вистинската опција за лондонскиот клуб.

„На основа на тоа што Боели кажа дека Челси нема да носи скапи засилувања во следните три години со исклучок на центараен напаѓач мислам дека Маурисио Покетино е вистинскиот избор за тренер. Да го ангажираа Зидан, Енрике или Симеоне, тие ќе бараа да се вложат уште 300 милиони фунти во засилувања или немаа да бидат задоволни со тимот кој го има сега Челси. 

Затоа Челси мораше да доведе тренер кој ќе знае да управува со тимот кој го има и да го извлече најдоброто од него. Многу играчи на Челси се млади и Покетино е идеален тренер за нив“, вели Невил.

Се вчитува...