Покетино „флертува“ со Тотенхем: Ми недостасува англискиот фудбал

Актуелниот селектор на САД, Маурисио Покетино ја најави можноста за враќање на чело на Тотенхем, откако даде изјава дека „му недостасува англискиот фудбал“.

Аргентинецот, кој во септември 2024 година беше назначен за главен селектор на фудбалската репрезентација на САД, пред Светското првенство што САД го организираат заедно со Канада и Мексико, во интервју за францускиот весник „Л’Екип“ изјави дека ја сака англиската култура, а особено фудбалската атмосфера.

„За секој што има натпреварувачки дух и сака да се натпреварува со другите и да ги тестира своите способности, Англија е идеално место. Мора постојано да го давате својот максимум “, рече Покетино.

Покетино претходно изјави дека е среќен во Америка, но и дека размислува за враќање во Премиер лигата секој ден.

Се вчитува...