Тренерската функција на Маурисио Покетино во Челси останува неизвесна до самиот крај на сезоната со оглед на новата сезона за заборав на „сините“ во која тимот од „Стемфорд Бриџ“ одново не е во комбинација за пласман меѓу најдобрите четири, а и оваа сезона нема да се радуваaт на трофеј.
По дебаклот од Арсенал и поразот со 5-0 во последниот натпревар во Премиерлигата медиумите одново го поставија прашањето дали аргентинскиот стратег е вистинскит избор за процесот на „ребилдинг“ низ кој поминува славниот англиски клуб, а и самиот Покетино потврди дека ситуацијата не е сјајна бидејќи има лимитирана комуникацја со првиот човек на клубот, Тод Боели.
„Да бидам искрен во последните месеци не ни се вкрстија патиштата. Разговаравме преку спортските директори. Но, моите погледи и чувства не се променија поради тоа“, изјави Покетино.
Во одбрана на аргентинскиот стратег се пречестите повреди во тимот. Листата на повредени сега брои 12 имиња откако до крајот на сезоната Покетино нема да може да смета и на Енцо Фернандеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА