Деле Али, еднаш големата надеж на англискиот фудбал сега важи за еден од најголемите пропаднати таленти. По одличните настапи под водство на Маурисио Покетино во Тотенхем, Англичанецот ја доживеа реалноста кога на клупата на тимот седна Жозе Мурињо кој го советуваше за несоодветниот животен стил.
Советите не вродија плод па кариерата на големата надеж замине во неславен правец. Од Тотенхем се пресели во Евертон, а откако не успеа да се наметне ни во редовите на „карамелите“ заврши во турски Бешикташ каде одново се соочи со големи потешкотии.
Али во последно време може да го најдете на социјалните мрежи каде често се појавуваат видеа од неговото пијанчење кои ја разбудија свеста и кај неговоиот поранешен тренер, сегашен предводник на Челси.
„Се надевам дека ќе најдам време да се слушнам со него и да откријам што е проблемот. Тој е одличен човек, млад фудбалер кој сум сигурен дека го има менталитетот за промена“, изјави Покетино.
Англиските медиуми веќе шпекулираат со можен трансфер на Али во Челси. Истиот нема да одземе големи финансии, а може да донесе многу доколку 27-годишникот успее да ја врати формата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

