Англискиот премиерлигаш Тотенхем почна да размислува за следната сезона, а во плановите на менаџерот Маурицио Покетино се наоѓа соиграч на Стефан Ристовски од редовите на Спортинг Лисабон. „Спарси“ се подготвени да платат дури 100 милиони евра за да го ангажираат Бруно Фернандеш, играчот за врска на португалскиот тим.
Тој беше дел од селекцијата на Португалија на Европското првенство за фудбалери до 21 година во Полска, а потоа потпиша петгодишен договор со Спортинг Лисабон и отштетна клаузула од 100 милиони евра.
Бруно Фернандеш веќе има и четири настапи за сениорскиот тим на Португалија, а Покетино во него ја гледа замената за Кристијан Ериксен, кој има понуди од Реал Мадрид, Барслеона и од Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА