Англискиот премиерлигаш Тотенхем ќе се обиде да го ангажира Федерико Киеза, младиот 20-годишен крилен напаѓач на Фиорентина во зимскиот преоден рок. Тоа нема да биде нималку лесна задача за раководството на клубот, со оглед дека за Киеза ќе треба да се издвојат околу 60 милиони евра. Сепак, тој е една од приоритетните желби на менаџерот Маурицио Покетино, со оглед дека би имал право на настап и во Лигата на шампионите напролет.
Федерико Киеза досега има постигнато четири гола на 14 натпревари во Серија А, но игра одлично во дресот на Фиорентина, привлекувајќи го вниманието на големите европски клубови. За него се интересираат и калчолигашите Јувентус, Наполи и Рома, како и францускиот гигант Пари Сен Жермен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА