Младиот фудбалер на Реал Мадрид, Матео Ковачиќ, потполно е заборавен од Зидан, па најверојатно на лето ќе бара нов клуб за да ја спаси кариерата. Шанси да заигра добива минимално, особено по опоравувањето на неговиот сонародник, Лука Модриќ. Во последниот месец од можни четири натpпревари, Ковачиќ заигра само против Еибар, и тоа откако мечот веќе беше резултатски решен.
Шанса и излезна карта му нуди Тотенхем. Покетино е голем фан на неговата фудбалска интелегенција, па нема да биде изненадување да го видиме Ковачиќ во дресот на „петлите“. Покрај премиерлигашот, за потписот на 22-годишниот играч за врска се борат и Милан, Рома и Јувентус.
„Кралевите“ пред две години за Ковачиќ платија 29 милиони евра на калчолигашот Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА