По двата дебакли против Ливерпул и Вулверхемптон во кој Челси прими вкупно осум голови тренерот на „сините“, Маурисио Покетино претрпе нови жестоки критики, а едни од нив беа и од страна на сопругата на најискусниот фудбалерот во тимот, Тијаго Силва која преку социјалните мрежи побара негова смена.
Во разговор за англиските медиуми, аргентинскиот стартег откри каква била првата средба по оваа ситуација со својот фудбалер, а и испрати и индиректна порака до Изабела Силва.
„Дојде за разговара со мене. Не сакам да влегувам во детали за што разговаравме. Најважно е што тој дојде да збори со мене. Се знаеме повеќе од десет години. Разговорот беше приватен“, изјави Покетино кој потоа додаде:
„Луѓето треба да бидат фокусирани на тоа што го прават во животот. Фудбалерите да бидат фокусирани на фудбалот и да се ослободат од другите размислувања. Не може да ве интересира што прави буржоазијата во Токио или Њујорк или пак како климатските промени влијаат врз фармерите. Затоа мене не ми паѓа косата. Јас не се грижам за работите на кои не влијаам. Ме интересира само фудбалот“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА