Покетино и Тухел го „откачија“ Вест Хем, сега Бенитез прв пик

Дејвид Мојс и натаму е тренер на Вест Хем, но тоа може да се смени во следните денови. Се поголем број на фанови бараат тренерска смена, со оглед дека тимот може да испадне од Премиерлигата. Но, дополнителен проблем е што раководството нема идеја кој би можел да биде неговата замена.

„Дејли Мејл“ тврди дека Маурисио Покетино и Томас Тухел не сакале да преговараат со Вест Хем. Се шпекулира и со името на Нуно Еспирито Санто, но Португалецот има силен договор со Ал Итихад, па така Бест Хем би требало да плати најмалку 6 милиони фунти.

Последните информации говорат дека Рафаел Бенитез, по губењето на работата од Евертон, би можел да се врати во Премиерлигата, и да го презеде токму Бенитез. Според информациите, Вест Хем сака да му понуди шестмесечен договор со тоа што автоматски би се продолжил на уште една сезона ако тимот опстане. Но, Шпанецот засега инсистира на подолг договор.

Се вчитува...