Тотенхем успеа да остане непоразен на „Енфилд роуд“ играјќи 2-2, откако на лондонскиот тим му беше досуден втор пенал на мечот во последните моменти од судиското продолжение. Напаѓачот Хари Кејн, кој во 85.минута не го реализира првиот пенал, ладнокрвно ја зема повторно топката и донесе израмнување и еден бод за својот тим. Менаџерот Маурицио Покетино истакнува дека тој е врвен стрелец и има убиствен инстинкт.
„Не заслуживме да загубиме тоа е јасно. Бевме подобар противник, имавме и повеќе шанси за триумф, а двата пенали беа ’чисти’ и оправдано досудени. Хари Кејн без разлика што не го реализира првиот пенал, без размислување ја зеде топката и сакаше да го изведе вториот. Тој има убиствен инстинкт и без никаков сомнеж му дозволив повторно да шутира“, изјави менаџерот на Тотенхем по ремито со Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА