Триесетидвемилионското засилување на Челси, Николас Џексон се посрамоти на натпреварот против Нотингем Форсест каде пропушти сто отстотна од помалку од пет метра оддалеченост од голот, шанса која можеше да го спречи поразот од 1-0.
По натпреварот критички за Џексон говореше и тренерот Маурисио Покетино кој сепак додаде дека потребно му е повеќе време да се адаптира на Премиерлигата.
„Николас ќе биде ефикасен само му треба време да се адаптира на Премиерлигата. Тој веќе игра фантастично, но тешко е да работите се што тој прави на теренот, а притоа и да постигнувате погодоци. Некогаш е брзоплет, но тоа е последица од тоа што се уште се нема адаптирано. Со време ќе стекне искуство и тогаш со сигурност ќе дава голови. Тогаш за него ќе зборуваме на друг начин“, вели аргентинскиот стратег.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

