Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, се соочува со големи проблеми поради повредите на најдобрите фудбалери во тимот. По Хари Кејн, кој ќе паузира до средината на март, надвор од тимот ќе биде и вториот англиски репрезентативец Деле Али.
Играчот за врска заработи повреда на препоните на мечот против Фулам, а деталните медицински прегледи покажаа дека ќе мора да мирува триесетина дена.
Повредите на Кејн и на Деле Али го примораа Покетино да се обиде да го доведе напаѓачот на Вест хем, Енди Керол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА