Покетино: На Тотенхем му се потребни уште четири години за да изгради победнички менталитет

Тотенхем ниту во осмиот обид не успеа да се пласира во финалето на ФА купот на Англија. Иако имаше водство против Манчестер јунајтед, на крајот го загуби со 2-1 дуелот на „Вембли“, па и десеттата година во низа ќе ја заврши без ниту еден трофеј.

„Немаме за што да жалиме. Се боревме, доминиравме во првиот дел, и на одмор оние 1-1 беа неправеден резултат. Во вториот дел тие постигнаа победнички гол, и тоа е тоа. Се обидуваме да учиме од секој натпревар, но не е лесно. Не е работата во учењето, туку во капацитетот да го победиш противникот. Во последните четири години создадовме добра екипа, а сега треба да изградиме и победнички менталитет. Мислам дека за тоа ќе ни бидат потребни уште четири години“, истакна менаџерот на Тотенхем, Маурицио Покетино.

 

Се вчитува...