Покетино: Не се тркаме со Ливерпул за засилувања, тие сами сакаат да дојдат кај нас

Менаџерот на Челси, Маурисио Покетино смета дека клубот не се натпреварува со Ливерпул за истите играчи. За неколку дена двајца играчи кои беа барани од Ливерпул, на крајот се преселија на „Стемфорд Бриџ“. Станува збор за Моисес Каиседо и Ромео Лавија.

Покетино кажа дека самите играчи одбрале да дојдат во Челси, и  истакна задоволство поради тоа.

„Ова не е трка, не се тркаме со Ливерпул. Самите играчи сакаа да потпишат со Челси, што ме радува. Очигледно дека тие чувствуваат нешто посебно кон нашиот тим“, изјави Покетино.

За Лавија, Покетино кажа дека е одличен фудбалер.

„Сите го знаеме и свесни сме за неговиот квалитет. Тој е совршен фуидбалер за нашиот проект. Сите сме среќни што го ангажиравме“, изјави Покетино.

Се вчитува...