Менаџерот на Челси, Маурисио Покетино зборуваше за тимот пред гостувањето кај Барнли. Тој се пожали дека неговиот тим имал проблеми со повредите во оваа сезона.
Најнова повреда е младиот Белгиец Ромео Лавија, кој ќе биде до крај на сезоната во аут, а одигра моса 30 минути за тимот.
„Тој не е среќен затоа што играше само 30 минути. Штета е, но понекогаш вакви работи се случуваат. Немавме можност ниту да тренираме со него. Сега ќе треба да ја чекаме следната сезона за да биде на располагање“, рече Покетино.
Потоа ги сподели очекувањата за мечот со Барнли.
„Ќе биде тешко. Противникот игра многу слободно, добри се физички, имаат и млади играчи. Мораме да победиме, но никогаш нема лесен натпревар во Премиерлигата“, кажа менаџерот на Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА