Челси се наоѓа во сериозна криза со недостиг на офанзивни фудбалери по повредите на Нкунку и на Чуквуемека, „сините“ во својот табор се уште го имаат Ромелу Лукаку, но тренерот Маурицио Покетино јасно ставил до знаење дека нема никаква намера да му даде шанса на белгискиот ас во дресот на лондонскиот клуб.
Челниците на Челси заедно со Покетино се уште се бесни на Лукаку поради пропаднатиот трансфер во Интер, за што единствен виновник е самиот голгетер. „Сините“ планираа тие пари да ги реинвестираат во нов напаѓач, но сега се е во застој откако во меѓувреме пропадна и опцијата за преселба во Јувентус, додека самиот Лукаку одби богата понуда за преселба во Саудиска Арабија.
Покетино воопшто не се сретнал со Белгиецот кој подоцна почна со тренинзи, но експресно беше испратен да тренира со младинците на Челси, како јасна порака дека за него нема место во тимот на „сините“. Сепак, на девет дена до крајот на преодниот рок јасно е дека Челси нема многу време за маневар, најпрвин да го продаде Белгиецот за кого интерес сега покажува само Тотенхем, а потоа и да доведе нов напаѓач.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

