Сегашниот селектор на САД, Маурицио Покетино истакна дека никогаш не би прифатил понуда од тимот на Барселона.
Покетино, кој беше дел од лутиот ривал на Барселона, Еспањол и како играч и како тренер, истакна дека никогаш не би работел во ривалскиот клуб.
„Би работел секаде, освен во Барселона. Ако ми стигне понуда од таму, нема шанси да ја прифатам“, рече Покетино.
Најголемите успеси како тренер, Покетино ги направи во Тотенхем, со кого играше во финалето во Лигата на шампионите, каде беше поразен од Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

