Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино е еден од кандидатите да го замени Зинедин Зидан на престолот на Реал Мадрид, но аргентинскиот стратег откри кој клуб никогаш не би го водел во својата кариера, а причината е ривалството во кое бил дел во минатото.
Покетино никогаш нема да биде тренер на Барселона, само затоа што поголем дел од својата фудбалска кариера играше за градскиот ривал Еспањол.
„Би сакал да работам во Тотенхем цела моја кариера, но би било смешно да кажам дека навистина ќе останам само на едно работно место. Утре може да се случи на Даниел Леви да му текне да го смени стручниот штаб и да ми даде отказ, затоа не претерувам со ништо. Но, знам каде не би работел никогаш. Што и да се случи во иднина, јас никогаш не би ја презел тренерската функција во Барселона, тоа за мене не е етички. Со гордост го носев дресот на Еспањол и со гордост го водев тимот во минатото, не можам едноставно да им „забијам нож во грб“. Подобро би се вратил во Аргентина и би работел на мојата нива отколку на „Камп ноу“. Истото ќе го кажам и за Арсенал, тие се градски ривали на мојот Тотенхем, а ист е случајот со Њуелс олд бојс и Росарио централ. Израснав во Њуелс што значи дека никогаш нема да го водам Росарио“, исткна Покетино.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА