Маурисио Покетино е пред кам-бек во Тотенхем пренесуваат англиските медиуми. Тој во ноември 2019 година доби отказ од тимот со кој претходно успеа да стигне и до финалето на Лигата на шампионите.
Покетино во јануари годинава го презеде францускиот Пари Сен Жермен, но од таборот на „светците“ не се задоволни од аргентинскиот стратег бидејќи покрај тоа што не успеа да им ја донесе долго очекуваната титула во Лигата на шампионите, туку успеа да го изгуби и трофејот во француската Лига 1.
BREAKING: Mauricio Pochettino is in talks with #THFC over a return to the club that would see him leave Paris Saint-Germain after less than six months in charge.
— Sky Sports News (@SkySportsNews) May 27, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА