Челси игра нова сезона во која се мачи со реализацијата. Николас Џексон не ги оправда очекувањата промашувајќи голем број на сто отстотни шанси, а Кристофер Нкунку не може да влезе во посакувана форма поради пречестите повреди.
Тоа ќе го примора тимот од „Стемфорд Бриџ“ да размислува за алтернативни опции во нападот. Веќе подолго време „сините“ се поврзуваат со голгетерот на Наполи, Виктор Осимен, но тренерот Маурисио Покетино има „џокер“ кој голем број на фанови веќе го заборавија.
Станува збор за Ромелу Лукаку кој оваа сезона е на позајмица во Рома. За „волчицата“ корпулентниот Белгиец постигна 18 голови во сите конкуренции па беше и тема на разговор за Покетино.
„Тој е фудбалер на Челси така да ќе обрнеме внимание кон него. Тоа е моменталниот став на клубот. Се уште немаме донесено никаква одлука“, вели аргентинскиот стартег.
Лукаку се врати во Челси во 2021 година во спектаклуларен трансфер вреден 113 милиони евра, но по само една полусезона како позајмен играч се врати во редовите на Интер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА