Маурисио Покетино нема да го води Тотенхем на следните два дуела откако Фудбалската асоцијација на Англија му одреди суспензија и парична казна од 10 ооо фунти за однесувањето кон судијата Мајк Дин по гостинскиот пораз од Барнли.
Покетино нема да биде на клупата на Тотенхем на дуелите со Саутемптон и со Арсенал.
Веднаш по завршувањето на дуелот против Барнли кој Тотенхем го загуби со 2-1, Аргентинецот го нападна судијата Дин незадоволен од една одлука по која неговиот тим прими гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА