Покетино убаво ја „наплаќа“ позицијата селектор на САД

Селекторот на Соединетите Американски Држави, Маурисио Покетино, заработи нешто повеќе од пет милиони долари во текот на првите седум месеци на функцијата.

Покетино беше именуван да го наследи Грег Берхалтер на 10. септември 2024 година и добил 5.016.917 долари во фискалната година што завршува на 31 март 2025 година, според објавената даночна пријава на американскиот фудбал.

Платата на Покетино за тој период изнесувала 2.516.917 долари, а добил бонус од 2,5 милиони долари.

Се вчитува...