Маурисио Покетино веројатно нема многу да чека за нов ангажман, откако синоќа се раздели од Челси. Аргентинецот е веднаш интересен за неколку клубови. Прв кој веројатно ќе го контактира Аргентинецот е Баерн Минхен, кој очајно е во потрага по нов тренер.
Нагелсман, Алонсо, Де Зерби, Алегри, Флик, Хенес, Компани… се споменуваа како можни наследници на Томас Тухел, но „Баварците“ засега немаат никаков договор со никого. Го бараат најдоброто можно решение, а во комбинацијата сега влегува и Покетино, поранешен тренер на Тотенхем и на ПСЖ.
Покетино исто така е интересен и за Манчестер Јунајтед, кој размислува за смена на Ерик тен Хаг, откако Холанѓанецот не ги оправда очекувањата на клупата на тимот од Олд Трафорд, кој сезоната ја заврши на осмата позиција на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА