Лионел Меси и Нејмар доживеаја големо понижување на „Паркот на принцовите“ откако беа исвиркани од домашните навивачи на ПСЖ, а сето тоа е последица од ужасното издание кое го имаа против Реал Мадрид.
Навивачите на ПСЖ по се изгледа вината ја бараат кај двете јужноамерикански ѕвезди, кои во неколку наврати беа уловени како одат по теренот на „Сантијаго Бернабеу“ и не им помагаат на своите соиграчи во одбрана.
Аргнетинецот и Бразилецот беа исвиркувани пред мечот и за време на истиот, а бидејќи атмосферата беше навистина непријатна, новинарите одговори бараа и од тренерот Маурисио Покетино.
„Никој не сака да имаме ваква позадина на ‘Паркот на принцовите’, сите сме многу тажни. Сите кои го сакаат ПСЖ се разочарани после тоа што ни се случи во Мадрид. Но, ќе бидам искрен и ќе кажам дека ова што го видов ме прави уште потажен … не ми се верува! Сите сме погодени од тоа што им се случи на Меси и Нејмар. Ја разбираме фрустрацијата и разочарувањето, но тоа треба да важи за цел тим. Ние сме заедно во ова. Ја преземаме одговорноста за тоа што се случи, но ја делиме одговорноста и сметам дека така на ситуацијата треба да гледаат и навивачите“, заклучи Покетино.
Реал Мадрид во дуелот со ПСЖ направи пресврт и со победа од 3-1 се пласираше во четвртфиналето, по што триумфот на ПСЖ од 3-0 над Бордо остана во втор план и сите зборуваа за пречекот кој го имаа Меси и Нејмар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

