Покетино: Заслуживме многу повеќе…

Фудбалерите на Челси продолжуваат со катастрофалните партии сезонава во англиската Премиерлига. Тие денеска во единствениот меч на програмата загубија на гостувањето кај Вулверхемптон со 2-1.

Тренерот на „сините“ од Лондон, Маурицио Покетино по мечот изјави дека на овој меч заслужиле многу повеќе, но и дека се уште учат од секој натпревар.

„Заслуживме многу повеќе. Мора да продолжиме со работа. Младите состави учат од вакви натпревари. имаме фудбалери кои за првпат играат во лигата. Мора да се прилагодат“, кажа Покетино.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...