Откако претходно беше познато дека крикетот ќе биде дел од ОИ 2028 година во Лос Анџелес, Меѓународниот олимписки комитет изгласа уште четири спортови да „дебитираат“ на Олимписките игри за пет години.
После крикетот, кој беше одобрен пред неколку дена, нови спортови ќе бидат и флег фудбал, лакрос, сквош и бејзбол.
Правилата на МОК овозможуваат секој град домаќин да предложи воведување на нови спортови. Организаторите во 2028 година предложиле пет нови, а организаторите прифатија сите да бидат.
Крикет беше на ОИ во 1900 година во Париз. Предлогот на организатор е турнирот на Крикет да содржи по шест тима во женска и машка конкуренција. Флег фудбал е бесконтактна верзија на фудбал во кој играат пет на пет, а досега не беше дел од ОИ. Дел од ОИ не беше ниту сквош. Бејзболот беше на ОИ во Токио 2021 година, а ќе го нема на престојните ОИ во Париз. Софтбол е женска варијанта на бејзбол и тој беше на последните пет ОИ, но нема да биде во Париз. Лакрос два пати беше на ОИ, во 1904 и 1908 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА