Женската ракометна репрезентациј на Исланд е најдобрата вторпласирана репрезентација која заедно со прворангираните селекции од четирите квалификациски групи обезбедува место во баражот за СП 2019. Така, скопската квалификациска група е единствената од која две селекции продолжуваат во баражот. Преку квалификациите место во баражот за СП 2019 изборија Словачка, Швајцарија, Белорусија, Македонија и Исланд.
Македонската репрезентација супериорно го освои првото место во групата со три победи против селекциите на Азербејџан, Исланд и Турција.
Исланд заврши на второто место со две победи и пораз од Македонија. Убедливиот триумф во последниот меч против Азербејџан (49-18) на Исланѓанките им донесе најдобар скор меѓу сите второпласирани репрезентации – Украина и Грција кои исто така имаа по четири бода и Литванија која заврши со два и беше надвор од конкуренција.
Ждрепката со која ќе бидат одредени двојките за баражот ќе се одржи во Париз, на завршниот викенд од ЕП 2018 што е во тек.
На СП 2019 во Јапонија од Европа ќе бидат 13 од вкупните 24 репрезентации. Франција како актуелен светски шампион од 2017 обезбедува директен пласман заедно со трите најдоброрангирани репрезентации од ЕП 2018. Другите девет места се резервирани за победниците во бараж дуелите што ќе се одиграат во јуни наредната година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА