Враќањето на Џејдон Санчо во Борусија Дортмунд е се чини готова работа. „Милионерите“ работат на неговиот „кам-бек“ кој треба да биде како позајмен до крајот на сезоната, со можност за откуп на неговиот договор од Манчестер Јунајтед, и преговорите се во завршна фаза. Самиот Санчо инсистирал на враќање во Дортмунд, и покрај тоа што имал и други опции.
Покрај Санчо, Борусија Дортмунд сака да се засили и со лев бек. Изборот паднал на Јан Матсен од Челси. Холанѓанецот исто така би дошол како позајмен на „Вестфален“, а потоа можност за откуп.
Вториот избор за левата бековска позиција е Серхио Регуилон од Тотенхем. Пред неколку дена овој играч ја прекина позајмица во Манчестер Јунајтед, и се врати во Лондон, а сега може да оди на нова позајмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА