Откако сигурно е дека Џејдо Санчо оваа зима ќе го напушти Манчестер јунајтед, на излезна врата од клубот се и двете поранешни ѕвезди на Реал Мадрид, Рафаел Варан и Кашемиро.
Иако и двајцата беа доведени како големи засилувања, а Кашемиро беше еден од најдобрите фудбалери на „црвените-ѓаволи“ минатата сезона, сепак расипувањето на односот со менаџерот Ерик тен Хаг ќе доведе до нивно заминување уште во јануари.
За Санчо веќе се заинтересирани Јувентус и Борусија Дортмунд, додека за двоецот Варан/Кашемиро се уште нема потенцијални кандидати за нивниот потпис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА