Покрај Влаховиќ, Арсенал „пикираше“ уште еден напаѓач

Арсенал очајнички бара нов напаѓач, во битката за титулата во Премиерлигата и успех во Европа. И минатото лето „топчиите“ се обидоа да ангажираат класична „деветка“. Меѓу желбите беше и Душан Влаховиќ, но на крајот тимот од Лондон не успеа да најде голгетер.

Ни овојпат не е исклучено Влаховиќ да се пресели во Лондон, особено што е тој пред заминување од Јувентус, со оглед дека одбил нов договор. Меѓутоа исто така се шпекулира и со ангажман на Бенџамин Шешко од Лајпциг.

Словенечкиот фудбалер е еден од најперспективните напаѓачи во Европа, и би можел уште во зима да ја смени средниата.

Оваа сезона во 22 меча, постигна десет гола, и забележа три асистенции.

Се вчитува...