Покренато обвинение против Блатер и против Платини

Швајцарското Обвинителство денеска покрена обвинение против поранешните претседатели на ФИФА и УЕФА Сеп Блатер и Мишел Платини поради малверзации и други кривични дела.

Тамошното Обвинителство последните шест години водело истрага за исплата од два милиони долари, откако тогашниот прв човек на ФИФА, му ги уплатил парите на УЕФА за консултански работи од 1998 до 2002 година.

Во следните неколку месеци ќе им се суди пред кривичниот суд во Белинцона.

„Оваа уплата ја оштетила ФИФА и придонела за незаконско богатење на Палтини“, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Истрагата е почната во семптеври 2015 година, и влијаеше на предвременото заминување на Блатер од местото прв човек на ФИФА, а Платини мораше да се повлече од кампањата за претседател на светската куќа на фудбалот.

Се вчитува...