Покренато обвинение против Лука Модриќ за лажен исказ

Обвинителството во Осијек покрена обвинение против капитенот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Лука Модриќ, поради лажен исказ во својство на сведок на судењето на Здравко Мамиќ и неговите соработници во јуни минатата година. Се смета дека Модриќ на судењето променил еден од клучните делови од својот исказ во истрагата и тоа во корист на Мамиќ.

„Обвинетиот свесно искажа невистинити факти дека анексот на договорот за професионално играње фудбал, со кој се регулира поделбата на трансферното обештетување 50-50% меѓу него како фудбалер и клубот во кој играл, го потпишувал секој пат кога ќе го продолжел договорот, како и тоа дека анкесот одново го потпишувал по заминувањето од клубот поради наводна промена на банкарската сметка на која требало да му бидат исплаќани парите. Обвинетиот се товари дека бил наведен да дава таков исказ, иако знаел дека тоа не одговара на вистината, затоа што наведените анекси ги потпишал во време кога веќе играл за нов клуб, по реализацијата на договорот меѓу двата клуба, при што целокупниот износ му припаднал на матичниот клуб“, стои во соопштението на Обвинителството во Осијек.

 

Се вчитува...