Покушевски избегна „црно сценарио“, но …

Андреј Покушевски ќе мора да мине најмалку еден месец од терените по повредата што ја заработи на стартот од синоќешниот дуел меѓу Партизан и Баерн Минхен.

Српскиот репрезентативец остана да лежи во агонија веднаш барајќи лекарска помош, по што стана јасно дека проблемот не е нималку наивен. Се стравуваше од повреда на лигаментите на коленото, но за среќа беше избегнато најцрното сценарио кое ќе значеше и крај на сезоната за крилниот центар.

Првите прегледи покажаа потешко истегнување на лигаментите во скочниот зглоб. Покушевски ќе мора да мирува 15 дена, по што по новите прегледи ќе следи и поконкретна прогноза околу должината на паузата, но тоа сигурно ќе биде повеќе од еден месец.

Се вчитува...