Кошаркарот на ЛА Клиперс, Пол Џорџ ја обнови повредата на задната ложа на натпреварот против Бостон и прашање е колку време овојпат ќе биде надвор од терените. Одличниот бек трет пат сезонава има проблем со истата повреда поради која вкупно пропушти десет натпревари.
„Загрижен сум. Ова се повторува. Не знам што да правиме. Мораме да почекаме и да видиме како ќе се одвива ситуацијава“, изјави тренерот на Клиперс, Док Риверс.
Џорџ минатото лето Оклахома ја промени со ЛА, а во сезонава просечно бележи по 21.7 поени, 6.1 скок и 3.9 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

