Премиерлигашот Свонси од денеска има нов стратег, откако клубот го потврди доаѓањето на довчерашниот асистент на Баерн Минхен, Пол Клемент.
44-годишниот Англичанец стана трет менаџер на Свонси оваа сезона, откако претходно клубот го водеа Франческо Гвидолин и Боб Бредли, потпишувајќи двеиполгодишен договор.
Клемент ќе има тешка задача, затоа што Свонси се наоѓа на последната позиција на табелата во Премиер лигата, со само 12 освоени бода. Новиот менаџер на „лебедите“ своето деби ќе го има вечерва, против Кристал Палас од 21 часот, тим кој е на 17-та позиција со четири бода повеќе од Свонси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА