Англискиот прволигаш Стоук сити го ангажираше Пол Ламберт за нов предвоник на првиот тим. Шкотскиот стратег ја наследува клупата од Марк Хјуз, а потпиша договор со „грнчарите“ на две ипол години.
Раководството на Стоук претходно се обиде да го договор Мартин Онил, селекторот на Република Ирска, како и екс-менаџеорт на Вест хем, Славен Билиќ, но по неуспехот да ангажира еден од нив двајца, како најдобра алтернатива се покажа поранешниот предводник на Вулверхемптон.
Ламберт вечерашниот меч Манчестер јунајтед – Стоук ќе го проследи мечот од трибините на „Олд трафорд“, а ќе дебитира следната сабота пред своја публика, кога Стоук ќе го пречека Хадерсфилд во натпреварот од 23. коло во Премиер – лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА