Пол Пирс, без сомнение, е еден од најдобрите светски кошаркари во новиот милениум, играчот кој во периодот од 1998 до 2013 година се издвои како клупска икона на Бостон.
Потсетувајќи се на времињата од минатото Пирс нагласува дека на почетокот од кариерата за малку ќе го загубел животот. На приватна забава во еден ноќен клуб беше избоден дури 11 пати, по лицето, вратот и грбот, а еден убод за малку ќе бил фатален.
„Луѓето не знаат за тоа, но после таа случка станав толку параноичен што две години со себе носев пиштол. Не сакав да бидам во никакви гужви, беше трауматичен период. Не можев ниту да спијам, а имав и 24-часовна стража пред куќата. Ете толку бев параноичен“ – вели Пирс.
Според официјалните полициски извештаи за таа случка, Пирс разговарал со девојка, што не им се допаднало на тројца мажи кои го нападнале. Вилијам Рагланд добил седум години затвори поради убодите, а Тревор Вотсон една година за физички напад. И покрај тешките повреди, Пирс се опоравил многу брзо и бил подготвен за почетокот на новата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА