Пол Погба има нова страст… вложува во нешто неочекувано

Францускиот фудбалер Пол Погба одново ја изненади спортската јавност, но не со фантастичните потези на теренот, туку со вложување во неочекуван спорт. Станува збор за трки со камли.

Погба е нов косопственик на саудискиот тим Ал Хабоб, првиот модерен тим за трки со камили кој се натпреварува на меѓунараодната сцена.

„Гледав доста трки и истражував во слободно време за да ги разберам техниката и стратегијата. Тоа што посебно ми западна во око е посветеноста на сите кои се вклучени. На крајот на денот, спортот е спорт, бара срце, жртва и тимска работа“, изјави Погба за „Би-би-си“.

Погба се врати на фудбалот минатиот месец откако претходно беше суспендиран за допинг. Првичната забрана изнесуваше четири години, но истата беше намален на само 18 месеци.

Се вчитува...